Здружението за лична едукација, тренинг и знаење ПЕТКА – Скопје е доброволно, непрофитно здружение на граѓани, основано на 19.01.2013 година со цел вршење на дејности и активности за поттикнување на знаењето, доживотното учење и личниот развој, преку едукација, тренинг и обука.

Визијата на здружението е општество сочинето од луѓе кои се свесни за значењето на концептот на знаење и доживотно учење и кои добиеното знаење преку формално и неформално образование го применуваат за постигнување на што поголем успех.

Мисијата на здружението е да го поттикнува стекнувањето на знаење од различни области кај сите возрасти и да помага во неговата примена за лично и професионално усовршување.