Слушнете за нашето искуство во Барселона! (Бесплатна обука)

Почитувани пријатели на ПЕТКА,

Нашиот тим имаше нова прилика да учествува на меѓународна обука покриена од програмата Erasmus+ која се одржа во Барселона од 25.07.-01.08.2016 година на тема "Клучни способности во социјално-културната и образовната вклученост на маргинализираните групи". Во текот на обуката, тимот се стекна со исклучително важни знаења за понатамошни обуки, тренинзи и проекти, особено од дигиталната сфера (ICT). Имавме можност да запознаеме нови пријатели и идни соработници од Турција, Бугарија и Обединетото Кралство. Ова беше прекрасно доживување испреплетено со учење, дружење, прошетки и размена на знаења и искуства со интернационални пријатели.

Со задоволство би сакале ова знаење и искуство да го споделиме со вас. Поради тоа организираме обуки во три групи според следните термини:

09.01.2017  (од 09:00 до 16:00 часот)  I – група

10.01.2017  (од 09:00 до 16:00 часот)  II – група

11.01.2017  (од 09:00 до 16:00 часот)  III – група

Обуката е бесплатна. За дополнителни информации, пријавување и потврда на локација ве молиме контактирајте нé на мејл: info@petka.org.mk.

Тимот на ПЕТКА,

13876569_10154324546952988_1831427236054025307_n 13901601_10154324549207988_9022902470578745569_n 

Print