Уште една Еразмус+ успешна приказна, овојпат во Стокхолм :)

Среќни сме со вас да го споделиме одличното тренинг искуство овозможено од Еразмус+ (Клучна акција 1, образование на возрасни) во Стокхолм, Шведска од 25.09. до 04.10.2017 на тема "Continuing education and e-learning". На обуката учествуваа дел од волонтерите на ПЕТКА и имаа можност да се запознаат и остварат соработка со учесници од Бугарија и Турција. Огромна благодарност до одличниот тренер Алјоша Пажин од Хрватска, организаторката Кина Димитрова од Бугарија и македонската Национална агенција за европски образовни програми и мобилност!

hdr

hdr

Оваа обука ни овозможи подетално да се запознаеме со повеќе Е-learning бесплатни апликации кои ќе ни помогнат поефикасно да ги организираме и спроведуваме нашите обуки во ПЕТКА. Што е најважно, за прв пат имавме можност да научиме како да креираме онлајн тренинг курс, со цел тоа да го примениме во нашата годишна програма на обуки. Се разбира дека е потребно малку повеќе време за изработката на онлајн тренинг курс да се усоврши на професионално ниво, но задоволни сме што започнавме со учење на овој процес и сигурни дека во скоро време ќе излеземе со одлично изработен тренинг кој ќе биде од корист за сите.

dav dav dav

За време на обуката во Стокхолм, нашите учесници имаа можност да ја посетат младинската организација Fryshuset основана 1984 год., која се смета за една од најголемите во светот и нуди активности во простории од околу 24.000м2. Нејзините основачи веруваат дека охрабрување, доверба, одговорност и разбирање се неопходни за да им се овозможи на младите луѓе да ги развијат своите вродени способности и да го најдат својот пат во општеството. http://fryshuset.se/in-english/

hdr hdr hdr Fryshuset 1

Од овогодинешната обука уште нешто е вредно да се спомене, а тоа е местото каде се одржуваше обуката – Impact Hub Stockholm. Специфично уреден простор за работа на претприемачи, кој мотивира и инспирира.  https://stockholm.impacthub.net/

IMG_20170928_170201 IMG_20170929_131417 IMG_20170929_131422 IMG_20170929_131425 IMG_20170929_131441 IMG_20170929_131527

Оваа обука беше целосно финансирана од програмата Еразмус+, Клучна акција 1, Образование на возрасни.

Funded by Erasmus+