Покана за учество на Младинска размена

The best birthday party

Ги покануваме сите заинтересирани млади на возраст од 15 до 20 години да аплицираат за учество на Младинска размена "The best birthday party" во Нови Пудлов, Полска од 3-ти до 11-ти февруари 2018.

Размената ќе вклучи учесници од четири земји: Македонија, Полска, Италија и Турција. Целта е младите да откријат нови култури и традиции, да развиваат толеранција, разбирање, емпатија, прифаќање и интеркултурен дијалог, остварувајќи контакти и подобрувајќи го својот англиски јазик во мултикултурна средина.

Трошоците за превоз, храна и сместување се покриени од програмата Еразмус+.

Пријавете се со пополнување на следнава , најдоцна до 20.11.2017. Доколку имате прашања, ве молиме контактирајте нѐ на нашата мејл адреса: info@petka.org.mk.

Ви посакуваме успех,

Тимот на ПЕТКА

Funded by Erasmus+