Еразмус + обука во Прага

Maja_Erasmus+

Почитувани пријатели на ПЕТКА,

Задоволство ми е со вас да ги споделам моите впечатоци од присуството на тренингот Soft skills for educators” организиран од International Training Centre, во рамки на програмата Еразмус +.

Заедно со уште еден колега, тренер во ПЕТКА, ја имавме привилегијата да бидеме дел од интернационално европско окружување и да следиме тренинг во еден од најубавите градови во Европа, Прага. Тоа беше извонредна прилика да се научи и слушне искуство од меѓународниот тим на предавачи, професионалци во својата област, кои имаа беспрекорна комуникација со учесниците, создаваа одлична атмосфера за учење и беа вистински домаќини. Покрај регуларните тренинг активности, тие нѝ овозможија и присуство на годишниот состанок на светската компанија “Howden”, каде следевме практична примена на дел од вештините презентирани на тренингот. Во текот на двете недели мобилност од 27.10. до 07.11.2014 разменувавме искуства и знаење не само со предавачите, туку и со учесници од повеќе земји, меѓу кои Италија, Хрватска, Романија и Турција. Остваривме значајни контакти кои се основа за идна соработка и спроведување на заеднички тренинг активности и проекти.

За нас учеството на ваков тренинг истовремено претставува поттик и извор на идеи за обуки и работилници, со цел да го пренесеме добиеното знаење на сите вас кои имате желба за личен и професионален развој.

М-р Маја Петрушевска

Претседател и предавач во ПЕТКА-Скопје

ITC grupa 27-2 27-3 1