…Обука за ефикасно барање и наоѓање на работа
Процесот на барање работа е многу напорен и тежок, особено поради фактот што самите себе треба да се мотивирате и убедите дека можете да најдете работа која ќе ви одговара. Сепак, постои соодветен начин како тој процес да се олесни и да се насочи според сопствените очекувања и потреби. На обуката за ефикасно барање на работа ќе научите како самите себе да се мотивирате за полесно да најдете работа, да го составите вашето CV, да се подговите за на интервју и да се испромовирате себе си на најсоодветен начин. Доколку сето тоа што ќе го научите на обуката, потоа го примените, наоѓањето на работа нема воопшто да ви претставува тешкотија.
Обуката е наменета за:
– Студенти кои ги завршуваат своите студии
– Невработени лица без работно искуство
– Лица кои моментално се невработени, а претходно имале некакво работно искуство
– Лица кои работат, но сакаат да ја променат својата моментална работна позиција
АГЕНДА:
09:30 – регистрација
10:00 – 11:15 ПРВ ДЕЛ (мотивирање за барање работа, начини и чекори за ефикасно барање работа, мрежи за барање работа, дискусија)
11:15 – 11:30– ПАУЗА
11:30 – 12:45 ВТОР ДЕЛ (пишување на CV и мотивационо писмо)
12:45 – 13:00– ПАУЗА
13:00 – 14:15 ТРЕТ ДЕЛ (подготовка за интервју, прашања, однесување, облека, преговарање, самопромовирање)
14:15 – 14:30– ПАУЗА – за пишување на прашања
14:30 – 15:30 ЧЕТВРТ ДЕЛ (РАБОТИЛНИЦА – пишување на CV и мотивационо писмо, симулација на интервју и дискусија за темата).
Цел на обуката
Целта на обуката е стекнување на способност за ефикасно барање и наоѓање на работа, обрнувајќи внимание на три дела кои опфаќаат мотивација и начин на барање работа, пишување на CV и мотивационо писмо, како и подготовка и однесување за време на интервју.
Tеми опфатени во обуката
· мотивирање за барање работа
· начини и чекори за ефикасно барање работа
· мрежи за барање работа
· пишување на CV
· пишување на мотивационо писмо
· подготовка за интервју
· прашања на интервју
· однесување
· облека
· преговарање
· самопромовирање
Методологија на работа
Обуката вклучува постојана комуникација со учесниците и разбирање на темата преку практични вежби, дискусии и примери. За време на обуката се користат современи визуелни средтва (ЛЦД, лап топ, флип чарт).
Последниот дел од обуката вклучува работилница во која секој од учесниците ќе има можност да изработи CV и мотивационо писмо, како и да присуствува на симулација на интервју за работа.
Материјали
Презентација, примери од CV и мотивационо писмо, листа на прашања за на интервју, совети за барање на работа и однесување на интервју.
Времетраење
Обуката е еднодневна и трае вкупно 6 часа. Секој од учесниците добива Сертификат за учество. Повеќе информации и пријавување на мејл – petka_skopje@live.com.
МЕСТО И ДАТУМ: Скопје, 13.04.2013
ЦЕНА: 399 денари цена со попуст (1.250 денари редовна цена)
*секој кој ќе присуствува на обуката добива ваучер со 50% попуст за следната обука за него или негов пријател. Попустот се однесува на редовната цена.
Повеќе информации во Здружение за лична едукација, тренинг и знаење ПЕТКА – Скопје
e-mail: petka_skopje@live.com , тел. 070 302-709
