КАКО ДА БАРАТЕ И ДА НАЈДЕТЕ РАБОТА?

3812.6b33fac6478d2871b915cd8a069559bb

 

…Обука за ефикасно барање и наоѓање на работа

Процесот на барање работа е многу напорен и тежок, особено поради фактот што самите себе треба да се мотивирате и убедите дека можете да најдете работа која ќе ви одговара. Сепак, постои соодветен начин како тој процес да се олесни и да се насочи според сопствените очекувања и потреби. На обуката за ефикасно барање на работа ќе научите како самите себе да се мотивирате за полесно да најдете работа, да го составите вашето CV, да се подговите за на интервју и да се испромовирате себе си на најсоодветен начин. Доколку сето тоа што ќе го научите на обуката, потоа го примените, наоѓањето на работа нема воопшто да ви претставува тешкотија.

Обуката е наменета за:

–  Студенти кои ги завршуваат своите студии

–  Невработени лица без работно искуство

–  Лица кои моментално се невработени, а претходно имале некакво работно искуство

–  Лица кои работат, но сакаат да ја променат својата моментална работна позиција

 

АГЕНДА:

09:30 – регистрација

10:00 – 11:15 ПРВ ДЕЛ (мотивирање за барање работа, начини и чекори за ефикасно барање работа, мрежи за барање работа, дискусија)

11:15 – 11:30– ПАУЗА

11:30 – 12:45 ВТОР ДЕЛ (пишување на CV и мотивационо писмо)

12:45 – 13:00– ПАУЗА

13:00 – 14:15 ТРЕТ ДЕЛ (подготовка за интервју, прашања, однесување, облека, преговарање, самопромовирање)

14:15 – 14:30– ПАУЗА – за пишување на прашања

14:30 – 15:30 ЧЕТВРТ ДЕЛ (РАБОТИЛНИЦА – пишување на  CV и мотивационо писмо, симулација на интервју и дискусија за темата).

 

Цел на обуката

Целта на обуката е стекнување на способност за ефикасно барање и наоѓање на работа, обрнувајќи внимание на три дела кои опфаќаат мотивација и начин на барање работа, пишување на CV и мотивационо писмо, како и подготовка и однесување за време на интервју.

 

Tеми опфатени во обуката

·         мотивирање за барање работа

·         начини и чекори за ефикасно барање работа

·         мрежи за барање работа

·         пишување на CV

·         пишување на мотивационо писмо

·         подготовка за интервју

·         прашања на интервју

·         однесување

·         облека

·         преговарање

·         самопромовирање

 

Методологија на работа

Обуката вклучува постојана комуникација со учесниците и разбирање на темата преку практични вежби, дискусии и примери. За време на обуката се користат современи визуелни средтва (ЛЦД, лап топ, флип чарт).

Последниот дел од обуката вклучува работилница во која секој од учесниците ќе има можност да изработи CV и мотивационо писмо, како и да присуствува на симулација на интервју за работа.

 

Материјали

Презентација, примери од CV и мотивационо писмо, листа на прашања за на интервју, совети за барање на работа и однесување на интервју.

 

Времетраење

Обуката е еднодневна и трае вкупно 6 часа. Секој од учесниците добива Сертификат за учество. Повеќе информации и пријавување на мејл – petka_skopje@live.com.

 

МЕСТО И ДАТУМ:  Скопје, 13.04.2013

ЦЕНА:   399 денари цена со попуст  (1.250 денари редовна цена)

*секој кој ќе присуствува на обуката добива ваучер со 50% попуст за следната обука за него или негов пријател. Попустот се однесува на редовната цена.

 

Повеќе информации во Здружение за лична едукација, тренинг и знаење ПЕТКА – Скопје

e-mail: petka_skopje@live.com , тел. 070 302-709